Ерик Трамп, синот на Доналд Трамп и неговата прва сопруга Ивана, се оженили со телевизиската продуцентка Лара Јунаски на церемонија во клубот „Mar-a-Lago“ во Палм Бич на Флорида, на која присуствувале 450 гости. Меѓу сватовите, како што пренесува „Пипл“ биле и радио водителот Елвис Дјуран и поранешната ѕвезда на серијата “Real Housewives of New York” Џил Зарин.

Семејството на сестрата на Ерик Иванка ги имало задолженијата на церемонијата. Ќерката на Иванка го носела цвеќето, додека нејзиниот сопруг Џаред Кушнер координирал со прославата. Невестата, која пред две седмици ги скршила двата зглобови на рацете во незгода на јавање, носела венчаница на Вера Ванг. “Дејли Мејл“ јавува дека кучето на Лара Чарли ги донело прстените за време на церемонијата.