Американката Аида Филд и Роби Вилијамс се венчаа пред членовите на најтесното семејство и неколку пријатели. На церемонијата во Лос Анџелес присуствувале родителите на Роби, како и мајката и братот на Аида. Нејзиниот татко кој е разведен од мајката не присуствувал бидејќи моментално живее во Турција.
На свадбата не присуствувале ниту членовите на бендот “Take That” кој неодамна повторно се соедини. Свадбата ја испланирале во многу краток рок и некои од нивните пријатели останале затекнати, бидејќи мислеле дека поканите се за обележување на 20 години од појавувањето на Роби на музичката сцена. Тие наводно потпишале и предбрачен договор со што пејачот го заштитил своето богатство при евентуален развод.