Пол Макартни се венча со Ненси Шевел во Лондон. Среќниот пар пред венчавката во општината задоволно им позирал на фотографите и бројните обожаватели, а меѓу гостите бил и поранешниот „Битлс“ Ринго Стар. Интересно е тоа што на датумот на венчавката пред 71 година бил роден Џон Ленон. Невестата носела венчаница која била креирана од ќерката на Пол, Стела, а имала мал едноставен бидермаер. Младоженецот се појавил во тегет одело.


Како една од младите деверуши се појавила најмладата ќерка на Пол, Беатрис, која ја добил во бракот со Хедер Милс. Инаку, парот е во врска од 2008 година кога Макартни се развел од Хедер. И Ненси зад себе има брак, а интересно е тоа што се одлучиле за скромна церемонија на која присуствувале само 30 гости.