Пејачот Адам Левин и манекенката Бехати Принслу се венчале во мексиканскиот Лос Кабос, а на свадбата имало 275 гости, членови на семејството, пријатели и колеги од светот на шоу бизнисот. Меѓу гостите наводно биле Роберт Дауни Џуниор, Џона Хил, Коко Рока, Џејсон Сигел, Кендис Свонпул и Ерин Хитрон. Колегите на Адам од групата „Марун 5“ имале запазена улога на церемонијата.

Џејмс Валентин свирел акустична гитара, додека Џеси Кармајкл бил кум на пејачот. Поради топлото време госите биле лежерно облечени, па се личело на една голема забава. Еден од гостите рекол дека сите биле среќи и опуштени. Парот медениот месец наводно ќе го мине во Африка.