Марк Ентони, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, се оженил по трет пат. Пејачот судбоносното „да“ го изговорил на манекенката Шенон Де Лима, со која бил две години во врска. Парот се венчал на 11 ноември во Доминиканската Република. Џенифер и Марк се разделиле пред две години, а формално се развеле дури во јуни.

Иако тоа бил негов втор развод, постојано нагласувал дека верува во љубовта и дека сака да најде некој со кој ќе го мине остатокот од животот. Како што пренесуваат холивудските медиуми, и Шенон и Марк имаат деца од претходните врски. Манекенката го има седумгодишниот син Даниел, а познатиот пејач веќе има шест деца.