Сопственикот на Плејбој, Хју Хефнер, се оженил со 60 години помладата Кристал Харис за новогодишната ноќ. Парот се венчал во Плејбој вилата, а на церемонијата присуствувале само најблиските пријатели и членови на семејството. Иако со децении зборувал дека не верува во моногамија, Хју Хефнер сепак се оженил со Кристал која го презела неговото презиме.
Скромната церемонија била одржана во нивната вила, а иако првобитно било планирано доаѓање на неколку стотини гости, сепак присуствувале само најблиските. Невестата носела светло розе венчаница, додека младоженецот носел црно одело и лептир машна.