Ерос Рамацоти (51) во тајност се ожени со својата долгогодишна девојка Мариса Пелегринели (26). Парот обелоденил дека се венчале на 6 јуни во Милано и тоа без присуство на пријателите и семејствата, а сега направиле раскошна прослава на прекрасниот имот во Алесандрија во Италија.

Невестата носела прекрасна венчаница која ја потпишува модната куќа Валентино, а покрај пријателите и роднините, на свадбата присуствувала и ќерката на Ерос, Аурора, која ја има од првиот брак, како и неговата и ќерката на Мариса Рафаела Мариа која има две години. Инаку, нему ова му е втор брак а на венчавката присуствувале околу 200 гости.