Раководителот на секторот за сообраќај на реномираната автотранспортна компанија „Галеб“ – Охрид, Димитар Василески, застана на лудиот камен. Димитар вчера ја овековечи љубовта со својата избраничка Ивана. Венчавката се одржа во црквата Успение на пресвета Богородица во Каменско, а гала веселбата во дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“, која и во оваа прилика ја разубави агенцијата за организација и декор на свечености „Импакт груп“. За забавата се погрижија познати естрадни уметници од Охрид, групата „Камелеон“ и Нино Величкоски, а настанот го овековечи „Мега продукција“.

2012-та очигледно е среќна за Димитар Василески. Покрај стапувањето во брак, тој неодамна беше прогласен за менаџер на годината во транспортниот сообраќај во Македонија.



Се ожени Димитар Василески од „Галеб“
OhridNews
фото: Емилио