Даниел Крег, звездата на Џејсм Бонд и Рејчел Веис се венчале во Њујорк пред само четворица присутни. Покрај нив биле ќерката на Даниел, Ела, синот на Рејчел, Хенри, и двајца пријатели кои биле сведоци на венчавката. Даниел и Рејчел инсистирале на мала и тивка венчавка.


Лудо биле вљубени и не можеле да дочекаат да станат сопруг и сопруга, а не сакале медиумите да им сметаат на нивната мала церемонија. Пред венчавката долго биле пријатели, а својата врска ја обзнаниле неодамна. Тој претходно бил верен за Сацуки Мичел, а Рејчел била во врска со режисерот Дарен Аронофски.