По се изгледа Харисон Форд успеал да го спои корисното со убавото. Имено, актерот се оженил со долгогодишната партнерка Калиста Флокхарт во Ново Мексико, каде моментално го снима својот нов филм „Каубои и вонземјани“. Ја запросил минатата година за денот на вљубените, а во врска се веќе осум години.


Ги венчал гувернерот Бил Ричардсон во својата палата. На свадбата имало само неколкумина присутни, и тоа сопругата на гувернерот и посвоениот син на Калиста. Се запознале 2002 година за време на доделувањето на наградите „Златен Глобус“. Форд бил во брак два пати и има четири деца.