Зградата на старата градска библиотека е урната до темел. На просторот каде некогаш се наоѓаше големиот објект сега има купишта шут и градежен отпад, а зад него полека се надѕираат делови од некогашната тврдина и други знаменитости.


Се отвори погледот кон стариот дел на градот

Отпадот од урнатата зграда ќе се одлага на депонијата во Мауцкер, додека употребливиот градежен матерјал ќе се селкетира и ќе биде употребен за доизграднба на културниот центар во Велестово, како и во изградбата на други објекти.


Градежниот отпад ќе се селектира

На просторот каде некогаш била Долната порта од која се влегувало во древниот Лихнид ќе се гради плоштад на кој според најавите на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, ќе биде подигнат споменик на Христо Узунов. Според планот  просторот ќе биде комплетно расчистен до почетокот на туристичката сезона, а финалниот изглед треба да биде готов до наесен.


На местото на библиотеката ќе се гради плоштад

ohridnews
Фото: Дигитал Фото Мики