Во близина на улицата Оксфорд, која е позната како најголемата шопинг улица во Лондон, се отвора првата eBay продавница. Отворањето е закажано за 1 декември, кога ќе почне грозницата на божиќно купување. Продавницата ќе содржи 200 најпопуларни производи кои можат да се купат на eBay. Предноста на продавницата не е во тоа што можете да купите нешто на лице место, туку во тоа што можете да го проверите производот пред да го купите. eBay и понатаму се држи до тоа да купуваме преку интернет, но оваа можност може на многумина да им заштеди време и пари.
Стандардната продажба на eBay е одвива така што вршиме нарачка преку интернет и чекаме неколку дема производот да ни биде доставен на куќна адреса. Воглавно истиот принцип на останува, но со продавницата се отвора можност да се провери предметот пред истиот да се купи.