Хуманитарен коридор за евакуација во украинската област Луганск ќе биде отворен утринава, изјави регионалниот гувернер Серхи Гајдеј на платформата Телеграм.

Договорен е хуманитарен коридор, ќе се обидеме денеска да ги евакуираме луѓето и да донесеме храна. Договорен е „режим на тишина“ за 19 март, со почеток во девет часот (осум часот по македонско време), истакна Гајдеј, објавија западните медиуми.

Украинската армија воведе 38-часовен полициски час во Запорожје, кој почнува денеска попладне и ќе заврши рано наутро в понеделник, изјави денеска заменик градоначалникот Анатолиј Куртиев.

Не излегувајте во тој период, нагласи Куртиев на интернет.

Запорожје е важна транзитна точка за некои од 35.000 луѓе кои избегаа од опколениот град Мариупол.

OhridNews