Министерот за развој на информатичко општество Иво Ивановски, денеска попладне свечено ќе го пушти во употреба Државното интернет кафе во Охрид кое се наоѓа на бул. Туристичка во деловниот комплекс пред хотел Дончо.
Отворањето на Државното интернет кафе во Охрид е дел од проектот на Владата за развој на информатичко општество во Македонија.
Претходно во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“, министерот Иваноски ќе го посети средното училиште УСО “Свети Климент Охридски”-Охрид каде со директорот и професорите ќе разговара за проблемите со кои се соочува училиштето.
Г. М.