Дневен центар за болните сместени во детското одделение од денеска ќе започне да работи во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Дневниот центар е дел од проектот на Младинскиот центар – Охрид чие отворање финансиски го подржа локалната бизнис заедница.
Се предвидува, волонтери од Младинскиот совет Охрид секој викенд да работат со хоспитализираните врсници и ќе развиваат социјални вештини преку едукативни и креативни работилници. Исто така ќе бидат организирани заеднички средби за дружење, гледање филмови, рекреација со друштвени игри и сл, а еднаш во месецот децата заедно со волонтерите ќе излегуваат надвор од болницата при што ќе им бидат организирани разни настани како посета на донатори, крстарења со брод, посета на фестивалот Охридско Лето и Балкански фестивал и друго…
На отворањето на дневниот центар ќе присуствува и министерот за здравство Имер Селмани, како и градоначалниците на Охрид и Дебрца, Александар Петрески и Љупчо Којчиноски.
ohridnews