Првиот вселенски хотел, наменет за туристи во вселената, ќе биде отворен на почетокот на 2016 година, најавил директорот на руската компанија задолжена за овој проект. Вселенскиот хотел ќе има четири кабини и ќе може да прима седум лица. Руските вселенски бродови „Сојуз“ ќе ги превезуваат туристите до хотелот, чие име ќе биде Комерцијална вселенска станица. Храна ќе доставуваат карго бродовите „Прогрес“.
Од хотелот земјата ќе може да се посматра низ големи окна. Вселенските туристи до сега или ги делеле просториите со космонаутите и живееле исто како и тие. Иако пред се ќе биде наменет за туристи, хотелот ќе можат да го користат и лица кои работат на некои истражувања за приватни компании. Изградбата на хотелот е финансирана од руски и американски инвеститори.