Во американската држава Тексас, поточно во Сан Антонио, оваа есен ќе биде отворена првата јавна библиотека во која нема да има книги. Човекот кој ќе го реализира проектот на идеја дошол откако ја прочитал биографијата на Стив Џобс. Кога ќе биде готова библиотеката ќе има 100 елктронски читачи, 50 елктронски читачи за деца, 50 компјутери, 25 лаптопи и 25 таблет уреди, а посетителите ќе можат да ги изнајмуваат баш како некогаш книгите.

Исто така на посетителите ќе им биде овозможено да дојдат со свои уреди и да прекопираат некои од веќе постоечките содржини. Библиотеката сега е во процес на склопување договори со издавачите на електронски книги, бидејќи е планирано на корисниците да им бидат достапни околу десет илјади наслови.