Охриѓани конечно ќе можат директно да се обраќаат до охридските пратеници во Парламентот преку канцеларија што свечено ќе биде отворена денеска.

Канцеларијата се наоѓа во зградата на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ кај градскиот пазар.

Граѓаните ќе имаат можност директно да комуницираат со охридските  народни избраници секој петок кога пратениците не се на седници, но канцеларијата ќе биде отворена  во текот на целата седмица кога ќе работат нивните асистенти.

Ова е заеднички проект на Националниот демократски институт за меѓународна соработка, Собранието на Република Македонија и општините.

Ohridnews