Во комплексот Лагадин, денеска свечено ќе биде отворена нова плажа. Се работи за една од плажите кои беа издадени под краткотраен закуп од страна на министерството за транспорт и врски на првиот јавен тендер, со која ќе стопанисува Љупчо Нечскоски, актуелен советник.
Инаку крајниот рок до кога треба да се готови сите плажи на охридското крајбрежје истекува на 28 јуни. До истекот на овој датум, закупците се должни да ги уредат плажите по европски терк – при планирањето на просторот 40% – 60% од плажата треба да биде слободен за користење, без оптоварување со лежалки и други реквизити, одржувањето на хигиената на плажата да биде организирано, а постојната песочна површина да се изнивелира и попесочи со соодветен автохтон песок, постојното зеленило максимално да се почитува и дооформи, хортикултурно и партерно да се уреди.
Во спротивно Министерството за транспорт најави дека еднострано ќе ги раскине договорите.
Г. Момироски