На белградското сајмиште денес ќе биде отворен 47-от меѓународен саем на автомобили, на кој своите производи ќе ги претстават околу 500 излагачи.
На саемот ќе учествуваат најголемите светски производители на автомобили, кои најавија и намалувања на цените додека трае саемот.Посетителите ќе можат да видат три автомобили кои светската премиера ја имаа во Женева, како и четири европски премиери.
Саемот е отворен до 5-ти април. Белградскиот саем на автомобили е член на меѓународната асоцијација на производители на моторни возила.