Силниот ветар што дува од југоисток и чија брзина достигна над 30 километри на час, во Охрид и околината предизвика оштетување на дрва и кршење на гранки.

Екипите од Паркови и зеленило при ЈП „Охридски комуналец“ се на терен и ги санираат последиците од силниот ветар, пријавени од страна на граѓаните, а кои се наоѓаат на јавни површини.

Засега до нив стигнале две пријави од граѓани по што се изврши отстранување на скршени и паднати гранки кај продавницата „Тренд“ на булевар „Туристичка“, како и на новата патека што води од Саат кула до Горна порта.

OhridNews