Во месноста Сараиште започна демонтирање на шанкот  кој тука постои 10 години. Локалната самоуправа се оградува од акцијата на државата за уривање, бидејќи смета дека шанкот на Сараиште е поставен легално согласно позитивните законски прописи и со одлука на Министерството за транспорт и врски.


Од Министерството за транспорт и врски уште при граѓанската иницијатива за спас на Сараиште која ја поддржа општината повлекувајќи ја одлуката за издавање на тој простор под концесија најави дека треба да се отстранат оттаму сите шанкови, како некаков услов или освета. Беше побарано локалната самоуправа да ги урне шанковите, но кога ја отпочнавме процедурата увидовме дека тоа не се диви шанкови, туку објекти поставени со комплетна документација и не можеме да влеземе едноставно и да уриваме, затоа што општината тогаш ќе биде изложена на опасност од тужби и големи трошоци, изјави градоначалникот Александар Петрески. 

Тој посочи дека поради тоа Министерството за транспорт и ги одзело на општината ингеренциите за овој предмет и започнало да урива. 


Петрески смета дека постои поврзаност помеѓу неодамнешната граѓанска иницијатива за уредување на Сараиште и денешната акција и го обвини ВМРО ДПМНЕ дека стои зад случајот.

Ohridnews