Во центарот на Охрид деновиве се освежува хоризонталната сигнализација. Се обележуваат специјалните паркинг места наменети за лица со посебни потреби. Ги има неколку на улиците „Македонски просветители’,„Партизанска“ и на „Димнитар Влахов“. Јасно се обележани со сина боја и знак, но за жал понекогаш тие се узурпират од несовесни возачи. За среќа тука е пајак службата, иако некогаш и таа знае да прогледа низ прсти.


Се освежува хоризонталната сигнализација во центарот

Ohridnews