Пред самиот почеток од летната сезона, службите од Одделението за комунален развој и сообраќај при охридската Локална самоуправа, ја фарбаат и освежуваат хоризонталната сигнализација на повеќе сообраќајници низ Охрид.

Овие активности се дел од овогодинешната програма за поставување на хоризонтална сообраќајна сигнализација, за чија што реализација Општина Охрид,  планира да потроши  вкупно  4 милиони и 170 илјади денари.

Покрај активностите за осовинско бележење на патишта на пешачки премини со бела боја, во оваа Програма спаѓаат и обележувањата на коловозни стрелки, обележување на автобуски и такси постројки со жолта боја, одржување електрична семафорска сигнализација, бојадисување на сообраќајни површини со ладна пластика и други активности.

OhridNews