Претпазливиот германец цел живот успешно ги избегнувал банкоматите бидејќи многу се плашел од кражба на идентитетот. Кога конечно го употребил, полицијата го уапсила.


Ханс Мауер (40) од Муенстер (Германија) толку многу го проучувал банкоматот што луѓето кои чекале ред зад него повикале полиција бидејќи им бил сомнителен. Барал скриени камери, пудра за отисоци од прстите и нешто сомнително на екранот. Капката која ја прелило чашата било тоа што облекол хируршки ракавици за да не остави траги од отисоците кога го отчукувал пинот.

– Ни објасни дека никогаш не користел банкомат поради стравот од крадци на идентитет, а иако неговото однесување беше сомнително брзо го решивме проблемот. – рекол полицискиот портпарол.