Џоан Галеран пливал кон чамецот кој бил укотвен во близина на Нуланбој, Австралија, кога бил нападнат од крокодил долг околу два метри и кој го зграбил за главата и го повлекол во водата. Работодавачот на Галеран, Лиза Хиткол изјавила дека тој успеал да се ослободи од крокодилот, да се качи во чамецот и да се врати на брегот. Таа раскажала дека тој се оддалечил од брегот, а крокодилот го зграпчил за главата и го свртел околу својата оска. Тој започнал да мава со тупаници и животното го ослободило.
Бил пренесен во локалната болница со каснувања на главата, вратот и рамената. Претставникот на полицијата изјавил дека имал огромна среќа што успеал да побегне. Се можело да заврши многу потрагично. Морскиот крокодил, кој може да нарасне и до седум метри и да достигне тежина поголема од еден тон, често може да се види во северните тропски краеви на Австралија. Од 1970, кога се заштитени со закон, нивниот број константно се зголемува.