Неколку состаноци на Училишниот одбор на Гимназијата, на кој требаше да биде извршено интервју со кандидатите за директор на оваа образовна установа,  се прекинати или одложени од разни причини. Поради тоа сеуште не е завршена постапката за избор на директор на гимназијата. Како што дознаваме во комбинација за избор покрај актуелниот директор, Љубиша Машановиќ, се уште двајца кандидати.

Училишниот одбор требало да се состане во понеделникот, но состанокот бил одложен поради спреченост на претставникот на Бирото за образование да присуствува на него заради болест. Нов состанок на Училишниот одбор на гимназијата е закажан за денеска, кога се очекува да бидат утврдени кандидатурите за избор на  директор на ова средно училиште.

Ohridnews