Глен Ноулс од Епсом, Англија останал без 100 илјади евра вредниот автомобил Ламборџини, поради тоа што се опил и не можел да се сети каде го паркирал. Кога го пријавил неговото исчезнување, полицијата не му поверувала и бил обвинет за обид за измама на осигурителната куќа.


Меѓутоа, судот го ослободил, а штетата ќе му биде исплатена доколку автомобилот не биде пронајден. Се дознало дека ова не му бил прв ваков случај. Пред четири години на ист начин останал без својот мерцедес, кој за среќа по неколку дена бил пронајден од полицијата.