Член на полскиот парламент кој бил уапсен во пијана состојба изјавил дека не пиел алкохол, туку јадел јаболка.
Според неговите искази јаболката ферментирале во неговиот желудник. Кога полицијата го запрашала зошто нивото на алкохол му е 0,7 промили, Матек Латас негирал дека пиел алкохол. Кажал дека е дијабетичар и дека изел неколку јаболка пред да седне зад воланот. Тој рекол дека не предизвикал никаква несреќа. Полицијата моментално го истражува овој случај. Во Полска не смее да се вози со повеќе од 0,2 промили алкохол во крвта.