Херберт Чавез, кој уште од детството бил опседнат со Супермен, направил неколку хируршки интервенции за што повеќе да личи на херојот од омилениот стрип. Овој жител на Филипините со помош на пластична хирургија добил дупче на брадата и поизразен нос. Исто така вградил силикони во усните и импланти како би делувал како да има големи мускули.


Тој се надева дека иако ја нема моќта на Супермен, ќе ги инспирира луѓето со упорна работа да ги остварат сите свои соништа. Меѓутоа, многумина не биле импресионирани со неговиот изглед, велејќи дека воопшто не личел на Кристофер Рив или Брендон Раут, американските актери кои го толкувале ликот на Супермен во филмските остварувања.