Иако било познато дека Тамара Еклстоун овие дена ќе се омажи за својот свршеник Џеј Рутленд во Франција, точниот датум не бил познат за пошироката јавност. но, според пишувањето на британскиот „The Sun“, Тамара наводно во средата ноќта се омажила по само пет месеци врска. Нејзиниот татко Берни наводно потрошил 650 илјади фунти само на сместување на гостите.
Уште 3,5 милиони фунти отишле на самата забава која вклучувала концерт на Елтон Џон, Лајонел Ричи, Келвин Харис и Марк Ронсон. Се разбира, тука бил вклучен и богатиот огномет во траење од половина час. Се шушкало дека на свадбата ќе настапи и Џенифер Лопез, но тоа сеуште не е познато. Меѓу бројните славни личности кои присуствувале биле и Џејсон Статам, Парис Хилтон, Шон Конери и многу други.