Боби Ен Финли се омажила за 11 војници за да им ја украде целата заштеда, а сега ја бара полицијата. Се смета дека 20 години била во лов на осамени војници. Наводно одела во воените бази, а мета и биле војници кои требало да се префрлат во други држави. Им зборувала дека е ќерка на генералот на маринците и дека неговото наследство може да го добие само доколку се омажи.
По венчавките со наивните војници ги ограбувала нивните сметки во банките. Со војниците има девет деца кои живеат во САД, а повеќето од нив не ги запознале своите татковци. Боби го променила бројот на социјалното осигурување и презимето за да не можат да ја пронајдат.