Малезијката Вук Кундор се омажила за 70 години помладиот Мухамад Нур Че Мус во 2006 година, но тој подоцна завршил на одвикнување од дрогата. Се плашела дека по излегувањето ќе ја остави поради помлада жена и веќе започнала да бара нов сопруг. Меѓутоа, Мухамад излегол од клиниката и се вратил кај својата невеста која има 108 години.
Таа го убедила сопругот дека нивната љубов е вистинска и вечна. Се вљубиле додека тој живеел кај неа како потстанар. Во брак се веќе 4 години. По оженувањето Мухамад изјавил дека конечно го пронашол својот духовен мир и се чувствувал дека некаде припаѓа.