Ќерката на Мик Џегер, Џејд Џегер, се омажила за диџејот Адријан Филари. На церемонијата во Оксфорд присуствувале голем број познати личности меѓи кои и Кејт Мос. Церемонијата се одржала во еден луксузен хотел. Деверици биле нејзините ќерки кои ги има од врската со уметникот Пирс Џексон.
По свадбената церемонија, во истиот хотел била одржана забава на која присуствувале членовите на семејствата и пријателите. Мик Џегер испеал неколку песни и покажал дека и понатаму е во добра форма. Филари ја запросил дизјанерката во февруари оваа година. Џејд е единствена ќерка на Мик и Бјанка Џегер.