Оскаровката Кејт Винслет овој месец тајно се омажила за своето момче Нед Рокенрол, пренеле американските медиуми. Портпаролот на актерката потврдил дека актерката и внукот на основачот на „Вирџин Ерлајнс“ се венчале на приватна церемонија на која присуствувале децата на атерката и неколку блиски пријатели.
Церемонијата, наводно, била толку тајна што ни родителите на Кејт Винслет не знаеле дека се венча по трет пат. Парот бил верен од летото. Актерката до олтарот ја водел нејзиниот колега и пријател Леонардо ди Каприо. Кејт Винслет е позната по тајните венчавки. Таа и нејзиниот втор сопруг, Сем Мендес се венчале на тајна церемонија во 2003. Парот бил во брак до 2010 година и имаат син. Претходно била омажена за Џим Треплтон со кој има ќерка. Тие двајца се венчале во 1998 година.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com