Дру Баримор верува дека е трета среќа, ша така се омажила за трговецот со уметнички дела Вил Копелман. Актерката и нејзиниот сопруг приредиле мала забава само за семејството и пријателите во Монтесито во Калифорнија, а невестата која е во поодмината бременост носела „Шанел“ венчаница.
За Дру ова е трет брак, а за Вил прв. Обајцата наскоро по прв пат ќе станат родители. На венчавката присуствувале и Камерон Диаз, која е најдобра другарка на Дру Баримор, како и Риз Витерспун со сопругот.