Северина и нејзиниот партнер Игор судбоносното ДА го кажаа денеска околу пладне во црквата посветена на Богородица во гратчето Бале на Истра, пренесуваат хрватските медиуми.


Фото: Фејсбук

Северина веста ја сподели на нејзиниот фејсбук профил. Наспроти најавите за гала веселба, парот се реши за скромна свадбената церемонија на која присуствувале нивните најблиски и кумовите од Загреб и Белград.

Претходно Северина исто така на својот фејсбук профил најави дека свадбата ќе се одржи на 22 ноември, но очигледно тоа било само трик за да избегне поголем публицитет и да се омажи во мирна атмосфера, пишуваат хрватските медиуми.

OhridNews