Американската актерка Рис Витерспун, се омажила во Калифорнија за долгогодишното момче, актерскиот агент Џим Тот. Тие се вериле во декември минатата година, а венчавката се одржала на нејзиниот имот во Калифорнија, оддалечен околу 150 километри од Лос Анџелес.


На венчавката присуствувале Рене Зелвегер, Селма Хајек, Тоби Мекваер, Роберт Дауни Џуниор, како и првиот сопруг на Рис, актерот Рајан Филип, со кого била во брак девет години и со кој има две деца. Најголем успех во кариерата на Рис е добивањето на оскар за улогата во филмот „Одење по работ“.