Ѕвездата на серијата „Бубалици“ Кејли Куоко, и професионалниот тенисер Рајан Свитинг се венчаа на 31 декември во Лос Анџелес. Почнале да се забавуваат пред шест месеци и веднаш знаеле дека им е „судено“. Парот се запознал оваа година на состанок на слепо и оттогаш се неразделни. Тема на свадбата им била „оган и мраз“.

 

Кејли не можела да го сокрие своето воодушевување и возбудата поради свадбата. Последните денови на друштвените мрежи постирала фотографии и пораки во кои ја изјавувала љубовта кон Рајан. Пред венчавката открила дека свадбената торта сака да и биде во форма на куче, а сакала и неколку животни на самата прослава. Напоменала дека венчавката ја планира целиот живот и дека едноставно се мора да биде совршено. Ѕвездата на венчавката била во розе фустан кој го дизајнирала Вера Ванг, а нејзиниот сопруг бил во целосно црна комбинација.