Никол Ричи од саботата е во брак со рокерот Џоел Маден. Новопечениот брачен пар припремил едноставна церемонија. На прославата имало околу 130 гости, најблиските пријатели и членови на семејствата. Лионел Ричи, пејчот и татко на невестата, го припремил својот дом во Лос Анџелес за церемонијата.


На венчавката присуствувал и еден слон. Не е познато која била неговата намена. Освен тоа изненадување, остатокот од церемонијата минал во традиционален дух. Меѓу познатите гости биле Гвен Стефани и Саманта Ронсон. Маша Гордон била кума на Никол, а кум на Џоел бил Бенџи Маден. Парот претходно беше во врска четири години.