Наследничката на луксузни хотели, Ники Хилтон, се омажи за вереникот Џејмс Ротшилд. Ники и модниот дизајнер Џејмс не штедеа кога е во прашање свадбата, па ова беше една од најекстравагандните венчавки на славни личности во историјата. Венчавката се одржа во палатата Кенсингтон во Велика Британија, а медиумите известуваат дека младенците се венчале пред ѕид од бели рози и дека ги венчала жена. Покрај самата церемонија, гостите 3 дена уживале во друштво на младенците што вклучувало гламурозна коктел забава пред венчавката, раскошна венчавка и свадбен руче еден ден по церемонијата. Ники блескала во снежно бела венчаница со чипкасти ракави и висок околувратник од брендот Валентино, која наводно вреди 50 илјади фунти. Со оваа луксузна венчаница Ники ја собрала косата во ниска пунџа и на главата ставила дог вел во шпански стил.
Гордиот татко Ричард избрал класично црно одело и лептир кравата. Нејзината постара сестра Парис се најде во улога на кума и за свадбата на сестра си избра долг светло син фустан кој го дизајнирал Денс Басо, кој се погрижи и за фустаните на девериците. Мајката Кети изгледала елегантно во долг фустан со кратки ракави. После церемонијата, Ники се пресоблече во секси мини фустан, а нововенчаните младенци папараците ги снимле во раните утрински часови како се враќаат во хотелот. Ова е втор брак за Ники Хилтон која во 2004 се омажи за Тод Меистер, но љубовта беше со краток рок на траење.