Поп пејачката Лили Ален се омажи за Сем Купер на церемонија во Глостершир во централна Англија. Нејзиниот сопруг, меѓутоа, не можел да го сокрие своето воодушевување, па во свадбениот говор на гостите им открил уште една радосна вест, а тоа е дека пејачката е во блажена состојба. Младенката била облечена во раскошен фустан со долги ракави кој го дизајнирала француската креаторка Делфин Маниве.
До олтарот пејачката била пратена од нејзиниот татко, актерот и музичар Кит Ален. На церемонијата присуствувале околу 100 гости. Лили Ален и Сем Купер, сопственик на градежна фирма, се заедно од летото 2009 година. Пејачката минатата година изгубила бебе поради компликации во бременоста, но неодамна изјавила дека повторно ќе се обиде да остане бремена.