Ева Лонгорија и нејзиниот избраник Хосе Антонио Бастон се венчаа во градот Ваља де Браво во Мексико. Венчавката е одржана на прватен имот, а присуствувале 200 гости. Извор близок до парот откри дека меѓу гостите се наоѓале Дејвид и Викторија Бекам, Пенелопе Круз, Рики Мартин, Кети Пери, Марио Лопез и многу други славни личности. Ева Лонгорија и нејзиниот нов сопруг се во врска од ноември 2013 година.
Бастон е сопственик на латиноамериканската компанија “Телевиса“, која е најголема мексиканска компанија за производство на телевизиски, радиски, музички, театарски и интернет програми и објавување публикации на шпански јазик. Бастон актерката ја запроси за време на летувањето во Дубаи. Лонгорија за својот сопруг претходно зборуваше за списанието Пипл. Објасни дека бил најзгодниот маж кој некогаш го сретнала. Според неа тој е харизматичен, шармантен, сладок и смешен. Ова е трет брак за познатата аткерка. Претходно беше во брак со колегата Тајлер Кристофер и НБА ѕвездата Тони Паркер.