Актерката Ен Хатавеј се омажила. Ѕвездата на филмот “Dark Knight Rises” се омажила за Адам Шулман пред стотина гости на приватна церемонија во венчаница која ја дизајнирал познатиот Валентино. Актерката за организирањето на совршената свадба ангажирала екипа која и ја препорачала нејзината пријателка и колешка Натали Портман.

Таа дури и се венчала на истата локација како Натали, во гратчето Биг Сур, кое поради својата атрактивност и убавина е честа локација за венчавки. Планините Санта Луција кои извираат од Тихиот Океан се причина поради која ова гратче е едноставно неодоливо. Она што е интересно е тоа што Ен не се криела, туку им дозволила на сите папараци и новинари да ја фотографираат.