Една од најубавите манекенки на Викторија Сикрет, Доуцен Крос, за три месеци треба да го роди своето прво дете, а пред тоа одлучила да се венча со своето момче, диџејот и продуцентот Санери Џејмс. Не сакале голема и гламурозна свадба, па организирале интимна церемонија за 30 најдобри пријатели и членови на семејството во нејзиниот дом во Естермар, Холандија.
Манекенката изјавила дека е среќна и дека денот на венчавката и бил најубав во животот. наместо свадбени подароци, Доуцен и Санеери од гостите побарале да донираат средства на организацијата “Dance4life” чија цел е освестување на луѓето од опасностите на сидата, или на организацијата World Wildlife Fund, која се бави со заштита на загрозените животински врсти.