Познатата американска пејачка и актерка Џесика Симпсон се омажи за пензионираниот рагби играч Ерик Џонсон. Церемонијата се одржала на ранчот Сан Исидро во Монтесито, во сојузната држава Калифорнија, пренеле светските агенции.
Симпсон и Џонсон се во врска уште од 2010 година. Ги имаат двегодишната ќерка Максвел и едногодишниот син Ејс. Ова е втор брак како за Џесика така и за Џонсон. Популарната старлета претходно била омажена за пејачот Ник Лехи.