Откако Чарли Шин јавно призна дека е ХИВ позитивен, се огласи неговата поранешна сопруга Брук Милер. Нејзиниот портпарол изјави дека Брук е преплавена со повици од пријателите и семејството. За да ги смири, таа потврдува дека ниту таа ниту нејзините синови се ХИВ позитивни. Брук и Чарли беа во брак од 2008 до 2011 година. Ги имаат шестгодишните близнаци Боб и Макс.
Нивниот брак беше и повеќе од бурен. Шин во 2009 беше уапсен бидејќи наводно и се заканувал на сопругата со нож. Обајцата беа на рехабилитација откако што се разведоа, а актерот доби и условна казна и советување поради насилство во семејството. Сепак, во последно време нивниот однос се подобри. Чарли во јуни оваа година напиша дека неговата трета сопруга е „секси рок ѕвезда која ја обожува“, додека Милер во септември изјави дека со поранешниот сопруг е во фантастични односи.