Екипи на ЈП Охридски Комуналец во насока на одржување на хигиената во градот спроведоа акција за машинско и рачно чистење на чаршијата во раните утрински часови.

Охридската чаршија претставува една од најфреквентните пешачки зони во градот. Затоа одржувањето на хигиената на оваа јавна површина е од највисок приоритет за нашите служби. Во раните утрински часови, кога фреквенцијата на движење е минимална, се спроведе акција за рачно чистење на разни наслаги и остатоци на плочникот, а потоа и машинско миење со цистерна, информираат од претпријатието.

OhridNews