На стрелиштето Бејбунар во Охрид изминатиот викенд по повод празникот Илинден, се одржа традиционалниот меѓународен Турнир ,,Илинден 2017“ во гаѓање со воздушна пушка-меѓународна програма. На Турнирот учествуваа околу 30-тина стрелци од клубови од Македонија и Бугарија.
Во поединечна конкуренција, најдобриот стрелец во охридскиот клуб, Михаил Шишкоски повторно на првата позиција со резултат од 391,8 кругови (се пукаше 40 дијаболи и во машка конкуренција), додека пак Анастасија Мојсовска, со извонредно висок резултат од 404,3 кругови се пласира на втората позиција во женска конкуренција.
И екипно прво место им припадна на членовите од СК,, Охрид,, и тоа во мешан состав: Мартина Петровска, Анастасија Мојсовска и Михаил Шишкоски со резултат од 1195,9 кругови, цели 20 повеќе од второпласираната екипа на СК ,,Санел“ од Сандански.
Иако е ова само турнир кој не влегува во бодирање и рангирање во системот на македонската спортска стрелачка федерација, сепак солидните резултати ја покажуваат спортската форма на нашите стрелци, кои за жал досега не настапија никаде на некој од натпреварите каде се постигнуваат норми за Олимпијада.
OhridNews