По повод празнувањето на патрониот празник на училиштето, и оваа година се одржа традиционалниот 11-то ноемвриски атлетски крос, во кој учествуваа учениците од сите училишта кои се наоѓаат на територијата на општина Дебарца.
Овој спортски настан, помина во добро организирана и пријатна атмосвера, се натпреваруваа вкупно 140 ученици, кои беа поделени во две категории, и тоа одделенска настава ученици од I до V одделение машки и женски и предметна настава ученици од VI до IX одделение машки и женски.
На овој настан присуствуваше и градоначалникот на општина Дебрца Г-дин Игор Трајкоски , кој им ги врачи медалите на најуспешните млади атлетичари, а директорот на училиштето Г-дин Иван Димоски на најдобрите им додели спортска опрема.
Ohridnews